Вести Македонија Топ вести

Како институциите се надлежни за земање пари, а за управување со депонијата Шапкар не се, реагираат екоактивистите

Препукувањето меѓу трите струмички општини и комунaлните претпријатија околу надлежноста над депонијата Шапкар, екоактивистите го сметаат за несериозно и навреда кон граѓаните. Ѓорги Танушев, активист и независен советник во струмичкиот совет, вели дека граѓаните плаќаат услуга менаџмент и складирање на отпад и не може институциите да се изземаат од одговорност за услуга за која земаат пари.

„Ако сега никој не е надлежен за таа депонија, зошто луѓето со децении плаќале пари за нешто што не било нивна надлежност? – Како тоа за пари земање сме надлежни, а за управување со депонијата не сме надлежни? – Јас знам дека официјално полулегална депонија е само Дрисла во Скопје, но тоа не значи дека не постојат или дека не се наплаќале услуги, токму за тие места, каде што е воспоставена таква услуга, а ние знаеме дека е воспоставена уште од бивша Југославија и сега ќе се правиме дека не сме ние надлежни. Па, кој е надлежен?“, прашува Ѓорги Танушев, советник во Совет на Општина Струмица.

Дел од средствата за комунален отпад мора да се користат за управување со депонијата без разлика дали е легална или не, вели Танушев. Тој ги повика институциите да се коoрдинираат и да се зафатат со решавање на проблемот со депонијата која, речиси, десет дена во низа гори и загадува.

Депонијата Шапкар ја управува струмички Комуналец, а ѓубре депонираат и општините Василево и Босилово. Како и дали ќе се делат дел од надлежностите за неа, засега нема одговор од институциите.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Помали царински стапки за 67 стоки, се либерализира трговијата со САД – усвоени измените на Законот за царинска тарифа

Дејан Дејан

Избегнувајте работа на отворено од 11 до 17 часот – владата со мерки поради топлото време

Дејан Дејан

Трамп: Путин се јави и праша дали ни треба помош со Иран, му реков „ни треба со вас“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе