Намерна или лекарска грешка под притисок на зацртаните фондовски цели кои мора да ги исполнат матичните – низа прашања и дилеми отвори сведочењето на пацинтката за Телма, дека бесплатниот тест на нејзино има го добила друга жена. За едни злоупотребата е јасна, за други тоа е ненамерна грешка. Наспроти стравот на јавноста, колегите на матичниот лекар во обид да го одбранат ваквиот потег, прстото го вперија во обемната бирократија со која велат, се соочени.
„За да имаме добра здравствена политика да бидат добро платени овие доктори да не се прават ваки манипулации, пациентите да бидат задоволни, фондот да се чувствува како добар креатор и министерството а на маса треба да седнеме и сите бројки и статистиката на влезови да ја земеме и да видиме колку навистина му е потребно на еден доктор да направи квалитетен преглед и да видиме кои се светски стандарди и што можеме да направиме, а да не направиме професионална грешка или било каква друга намерна или ненамерна грешка“, велат Лилија Чолакова Дервишова здружение на матични лекари.
Еден од предлозите на приватните лекари за да се избегнат злоупотреби и грешки е целосна дигитализација. Велат, хартијата мора да замине во минатото. И упатите и рецептите да бидат електронски. Лекарите губат повеќе време на бирократија, отколку на прегледи на пациентите.
„Мора да имаме комплетно внесување на се што е здравство и здравствена интервенција во тој електронски здравствен систем па за да постои квалитетен електронски картон каде што ние како матични или секундарци или терциерци или како чинители во здравствениот систем имаме целосен увид. Затоа визиите како нас на здружение ни се едни, свеста е друга но секогаш да бидеме искрени во нашите намери за да имаме подобар здравствен систем. Неоправдувам никакво погрешно однесување, но ќе кажам дека имало такви моменти се со единствена цел да не биде казнет мора да се реализира целта за да добие капитација за да може да ги исплати вработените“, велат Лилија Чолакова Дервишова здружение на матични лекари.
Реакциите на граѓаните по сведочењето на пациентката во емисијата топ тема не запираат, но и дилемите што се има во нивните здравствени картони и дали можеби има туѓи дијагнози на нивно име. Додека јавноста е во прашалници, надлежните во обид да го решат проблемот.
Симона Петровска