Вести Македонија Топ вести

Илјада жители од радовишките села Бучим и Тополница без вода за пиење

Секој ден километри пеш и со возила за питка вода. Ова е реалноста во која живеат жителите на радовишките  села Бучим и Тополница. Фирус Омеров нѐ пречека на влезот во селото. Вели без вода се откако знае за себе – тој ќе остари, а проблемот со водата не се решава.

Јас бев дете ние вода немавме. Тоа е така отсекогаш. Последниве месеци нема никаква вода, мачење е да се оди секој ден до планинската чешма или до Радовиш за вода и за пиење и за домашни потреби, вели Фирус Омеров, жител на селото Бучим

Овие населени места се живи, едни од ретките каде популацијата во конктиниутет расте, а со тоа и проблемите за водоснабдување. Во двете села според пописот од 2021 година живеат околу 1000 жители.  Како што навлеговме кон сретсело, групи деца и возрасни се забавуваат – првите играјќи, другите разговарајќи меѓу себе. А кај возрасните темата е таа: не се живее во 21 век без вода.

Нема вода, одиме, носиме, а не можеме да носиме. ЈАс се трудам барем на два-три дена да одам, наеднаш да донесам повеќе, не ми додржуваат нозете веќе, вели жител на селото Бучим.

Фирус како и неговите соселани сметаат дека рудникот е главна причина што тие се без вода. Селата Бучим и Тополница се буквално на меѓата со овој рудник и бараат да се најде решение за нивната мака.

Рудникот ни е на двесте метри, откако тој работи ние сме без вода. Сите чешми секнаа, нека инвестираат нека помогнат. Не може повеќе вака вели Фирус.

Во 2021 година, рудникот Бучим ги снабдуваше овие села со вода преку цистерни. Како што велат од управата на рундикот, испораката била на барање на месните заедници, со цел да се задоволат основните потреби на населението. Дополнително, рудникот финансирал хидрогеолошки истражувања во вредност од 50.000 евра, со кои бил направен првиот чекор кон пронаоѓање трајно решение за водоснабдување. Истражувањата биле спроведени од овластена стручна компанија, а добиените резултати се доставени на Општина Радовиш – институцијата која има законска надлежност за реализација на инфраструктурни проекти од ваков карактер.

Од Општина Радовиш пак, велат дека има изработено проект за водоснабдување, но немаат пари за да почнат со изградба. Инаку, решавањето на проблемот со водата во Бучим и Тополница беа во предизборните проекти на актуелниот градоначалник на изборите во 2021 година. Тогаш предвидувале дека ќе се изгради два километра водоводна мрежа во Бучим и три во Тополница.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пронајдена и втората црна кутија од авионот на „Ер Индија“ што се урна во Ахмедабад

Дејан Дејан

На „Табановце“ и „Богородица“ се чека половина час за влез и излез од државата

Дејан Дејан

Во Скопје се одржа протест за кучето Феликс

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе