Вести Економија Топ вести

ЕСМ зема кредит од 30 милиони евра, финансии ќе гарантира за заемот

ЕСМ ја доби потребната гаранција, од утре и официјално ќе стави потпис на новиот заем од 30 милиони евра од ХАЛК Банка. Кредитот е со каматна стапка од 4, 2 проценти. Од компанијата за Телма велат дека се задоволни од висината на каматата.  Во Службен весник излезе и државната гаранција со која Министерството за финансии ќе гарантира за заемот.  Ако компанијата не може да го враќа,  тоа ќе го направи државата.

Се овластува министерот за финансии да склучи договор за издавање на државна гаранција со Халк банка АД Скопје и договор за обезбедување на државната гаранција со Акционерското друштво за производство на електрична енергија, Електрани на Северна Македонија, во државна сопственост, Скопје, со кои ќе се регулираат правата и обврските кои произлегуваат од издадената државна гаранција,- Службен весник 

Откако,  Министерството за финансии ќе склучи договор со банката,  потоа и ЕСМ треба да стави потпис за заемот. Па, имаат рок од 90 дена  да кажат кога да им бидат префрлени средствата. Рокот за враќање на кредитот е до 2035 година.

За овој заем пред извесно време информираше и директорот на ЕСМ Узунчев на брифинг со новинарите. Кажа дека парите се потребни за плаќање на доспеани обврски и за ликвидност на компанијата која извесен период е нарушена.

Според, последните податоци на финансии, во првиот квартал годинава ЕСМ има доспеани, а не платени обврски од речиси 60 милиони евра.

Минатата година пак ја  заврши со загуба од 123 милиони евра. Лани,  зема и кредит од 82 милиони евра од неколку домашни банки.

Но, според новата фискална стратегија планот е 2025,  ЕСМ да излезе од минусот и да ја заврши со добивка, во краен случај да биде на позитивна нула. Но, дали ќе успее во тоа допрва ќе се види.

ЕСМ некогаш важеше за една од омилените компании за работа, но сега се бори со финансиски проблеми.

Ирена Чачкова 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пронајдена и втората црна кутија од авионот на „Ер Индија“ што се урна во Ахмедабад

Дејан Дејан

На „Табановце“ и „Богородица“ се чека половина час за влез и излез од државата

Дејан Дејан

Во Скопје се одржа протест за кучето Феликс

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе