Македонија Топ вести

Колку пари на граѓаните ќе останат заробени ? „Максбет.рс“, „Волкано“, „Винбет“, ќе се забранат со уште 170 странски онлјан сајтови за обложување

Регуалторот АЕК е на потег да забрани пристап до 173 онлјан сајтови од странство за обложување. Министерстовто за дигитална трансфорамција побарало бидејќи игрите на среќа се организирале надвор од законот, кој што пак, важи само за три лицененирани фирми во земјава.

Но, битката на интернет за легално и оданочено обложување може да се реагулира ако на граѓаните им се забрани кодот при уплаќање на вакви депозити, апелираат од надлежното министерство.

Регистрација со Меил адреса, пополнување генералии и внесување сума од трансакциска сметка.. Со неколку кликови, секој поединец типува мечеви, врти рулет или игра покер…. И додека граѓаните трошат милионски суми на несигурни и непроверени онлајн страници за обложување државата за возврат добива нула денари.

Министерството за дигитална трансформација најави дека побарала од агенцијата за електронски комуникации да ги забрани за пристап сајтовите кои оперираат од странство. 173 на број, а дел од нив се и реномирани и регистрирани приредувачи на среќа. Мултинационалната максбет, но онаа регистрирана во Србија е на црната листа до која Телма дојде од свои извори.

Максбет е во друштво и на други приредувачи на игри на среќа како до регионот, така и од Европа, но и светски познати имиња Винбет, 22бет, Супер бет, но и меѓу нив бразилски оператор меѓу најкористените од македонските обложувачи.

Проблемот е што тие немаат лиценци во државата, не плаќаат данок за обложување, а ниту, пак граѓаните плаќаат данок на добивката. Министерот Андоновски, синоќа им порача на играчите да си ги повлечат депозитите.

АПЕЛИРАМ до досегашните играчи, во најбрз можен рок да ги повлечат сите депонирани средства и да не се подведуваат на лажните и манипулативни е-маил пораки кои ги наведуваат да ги користат овие НЕЛЕГАЛНИ страници на несигурен и небезбеден начин, напиша на својот Фејсбук министерот Андоновски.

Но, проблемот не почнува ниту завршува со пристапот до овие онлајн платформи. На една затворена се отвораат две нови, а според надлежните решението треба да биде системско односно да се ограничи граѓаните да го користат кодот МСС 7995 кој е интернационален за игрите на среќа и обложувањето на интернет.

Телма се обиде да добие и информации колку пари на граѓаните завршиле на сметките на странски онлајн приредувачи, и воедно колку државата загубила од не оданочувањето на овие трансакции.

Премиерот денеска најави дека во завршна фаза е законот  за игри на среќа, бидејќи со постоечкиот и неговото толкување државата дозволи онлајн кладење, и тоа издаде три лиценци на приватни субјекти, меѓу кои е и подружницата волкано на црногорската компанија Везув.

Но, во најновата листа интернет страницата волкано со седиште во Србија ќе стане  забранета по барањето на министерот Андоновски.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обвинителен акт против 34 физички и три правни лица заради пожарот во ноќниот клуб „Пулс“

Дејан Дејан

Израел сугерира дека операцијата „Разбуден лав“ против Иран ќе продолжи

Дејан Дејан

Шест ирански нуклеарни научници меѓу загинатите во израелскиот напад

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе