Вести Свет

Напаѓачот во училиштето во Грац бил прогласен за ментално неспособен за воена служба

Напаѓачот кој во вторникот уби 10 лица, вклучувајќи девет тинејџери на возраст од 14 до 17 години и еден наставник, пред да изврши самоубиство во училиште во Австрија, во 2021 година бил прогласен за ментално неспособен за воена служба.

Ова го потврди портпаролот на австриските вооружени сили, Мајкл Бауер, во објава на платформата Икс, додавајќи дека вооружените сили не се овластени да ги споделуваат податоците од медицинските прегледи со трети страни.

Напаѓачот, 21-годишен маж, отворил оган во своето поранешно училиште со пиштол и сачмарка.

Според полицијата, тој поседувал дозвола за оружје од почетокот на годинава, која ја добил по успешно поминат психолошки тест.

Инцидентот предизвика шок во земјата, а истрагата сè уште е во тек.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Поранешната министерка Каја Шукова предлог за градоначалник на Град Скопје од СДСМ

Дејан Дејан

Во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп беше промовирана новата артилериска опрема за Македонската армија

Дејан Дејан

Што барале непрописно паркираните службени возила на вицепремиерите Меџити и Фетаи, на полноќ и во близина на партискиот штаб на Вреди?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе