Вести Македонија Топ вести

Една година мандат – колку ветувања се остварени?   

Проектите, предвидени да се градат од британските пари кои ќе се земаат според договорот со Обединетото Кралство, може да влијаат врз зголемување на јавниот долг и покрај јасното ветување на владата дека долгот ќе се намалува, велат од Фајнанс тинк. Тоа може да се измени преку ново планирање на Фискалната стратегија.

Во владината програма, ветено е одржување на јавниот долг и тој бил стабилизиран на крајот на 2024-та, иако новите заеми може да влијаат. И инфлацијата на крајот на ланската година била во рамките односно дури подобра од ветувањето на владата, но сега повторно расте и допрва ќе се утврдува дали ќе остане на ветеното ниво, вели Петреска.

Четири организации го следеле остварување на ветувањата на новиот кабинет предводен од Мицкоски и во 5 различни области е утврдено дека тринаесет проценти од ветувањата на владата се остварени во првата од 4 години мандат, а уште 37% се започнати. Најлошо е со правата на жените бидејќи ниту едно од 5-те ветувања досега ниту е остварено ниту е почнато да се реализира.

Најдобро пак оди во ресорот образование, целосно реализирани се 9 ветени мерки, а 26 ветувања се отпочнати со реализација. Две од ветувањата не се почнати со реализција, а динамиката во ресорот е најслаба во високото образование.

По направените анкети и истражувања на јавните мислења, граѓаните укажале и дека некои од мерките се спроведуваат, но не како што било ветено. Ова било забележано особено во социо-економските мерки, а во некои случаи владините приоритети се разликуваат од потребите на граѓаните.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обвинителен акт против 34 физички и три правни лица заради пожарот во ноќниот клуб „Пулс“

Дејан Дејан

Израел сугерира дека операцијата „Разбуден лав“ против Иран ќе продолжи

Дејан Дејан

Нуклеарните капацитети не смеат да бидат мета на напади, предупреди Меѓународната агенција за атомска енергија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе