Вести Македонија Топ вести

Пред пратениците предлогот за нов министер за здравство

Собранието на Република Македонија денеска ќе расправа за предлогот за избор на Азир Алиу за нов министер за здравство поднесен од претседателот на Владата.

Алиу, е дипломиран електроинженер, доктор по информатички науки и редовен професор на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово. Тој има претходно министерско искуство во ресорот за информатичко општество и администрација.

Неговото назначување лало прв човек на ресорот здравство предизвика поделени мислења. Власта го оценува како способен кадар кој може да го менаџира здравствениот систем, додека опозицијата ја критикува Владата за, како што велат, несериозен пристап кон еден од најважните сектори.

Од Владата очекуваат дека Алиу ќе добие поддршка во Собранието, и уверуваат дека тој ќе се посвети на реорганизација и унапредување на здравствениот систем. Алиу е дел од крилото на Алијанса за Албанците кое останува во коалицијата Вреди, по заминувањето на Арбен Таравари во опозиција.

На денешната седница, според дневниот ред, ќе се разгледува и предлогот за именување на Албрим Хоџа за заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Завршни зборови на обвинителството во случајот со Вања и Панче

Дејан Дејан

Мерко со ослободителна пресуда за набавката на луксузното ауди

Дејан Дејан

TЕЦ Осломеј не работи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе