Вести Македонија Најважни

Мерко со ослободителна пресуда за набавката на луксузното ауди

Основниот суд во Струга го ослободи од обвинение струшкиот градоначалник Рамиз Мерко за набавката на луксузното службено  возило „ауди“ А6 и уште три други автомобили.  Судијата Јордан Јованов денекса ја соопшти ослободителната  пресудата за Мерко.

-Судот не утврди дека  Мерко го прекршил законот при набавката на службените автомобили, изјави за Телма адвокатот Игор Петковски, бранител на Мерко.Мерко беше обвинет за злоупотреба на службента положба, поради набавката на четири моторни возила во вкупна вредност од околу 114.000 евра, во време кога општината имала долгови и блокирана жиро сметка.

Обвинението беше поднесено лани во март, а судскиот процес почна во април, траеше нешто повеќе од една година, а беа изведени материјални докази и сослушани повеќе сведоци.  Но судот не утврди   дека струшкиот градоначалник е виновен за набавката на општинскиот возен парк во 2018 година

Против Рамзи Мерко се поднесени вкупно девет обвиненија, за кои има активни судски постапки. Тој е на црната листа на САД од 2023 поради вмешаност во корупција.

Емилија Мисирлиевски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тензично во делови од Лос Анџелес – Трамп се закани дека ќе ги испрати маринците

Дејан Дејан

СДММ: Ќе има ли одговорност за УМС за пиротехниката или тие се над законот?

Дејан Дејан

Приведен универзитетскиот професор Александар Нацев во истрагата за пожарот во Кочани- како  реален сопственик на агенцијата Рубикон која го обезбедувала Пулс кога се случи пожарот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе