Вести Македонија Топ вести

Пациентите бараат подобри услови во „Кежовица“

Стари врати, инвентар, плочки по подовите и ѕидовите. Ова се условите кои секојдневно се лекуваат пациентите од источниот регион на одделението за Физикална медицина и рехабилитација во Штип. Пациентите не се задоволни од условите во објектот стар над половина век, но за медицинскиот кадар и лековитата вода од Кежовица имаат само пофални зборови.

На одделението на кое секојдневно на рехабилитација доѓаат и седум повредени пациенти од кочанската дискотека „Пулс“ годишно се прават околу 200.000 процедури или лани поминале 4.500 пациенти, што е своевиден рекорд во рехабилитацијата. Брачната двојка Дончевски од Пробиштип велат дека секој ден патуваат на физикална терапија во Штип. 70 годишниот Владо Дончевски од 2013 година се лекува во „Кежовица“.

Миле Варсласки од Берово е сместен во болничките соби на Физикалната терапија во Штип. Според него за лошите услови колку што има вина државата, имаат и пациентите.

Надминат е проблемот со листата на чекање за прием на штипското одделение за Физикална терапија, но сега проблем се појавува со недостиг на кадар, еден од лекарите пред неколку замина во пензија, на одделението останати се само два физијатри.

Костадинов очекува дека со доизградбата на новата Клиничка болница ќе има и посериозни инвестиции и во штипската Физикална терапија. Очекува наредниот период да се реновираат болничките соби, а со новите апарати и кабинската работа пред вратите немаат гужва и пациентите не чекаат за терапија.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Растат тензиите Трамп ја распоредува Националната гарда

Дејан Дејан

(Видео)Невреме во Кина проследено со дожд и снег – повеќе од 13 илјади луѓе се евакуирани

Дејан Дејан

Успешно опериран колумбискиот претседателски кандидат Мигел Урибе по обидот за атентат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе