Македонската одбојкарска репрезентација загуби од Финска со максимални 3-0 на првиот натпревар во Европската златна лига на турнирот што се одржува во Братислава, Словачка. Продолжува нашата лоша низа против скандинавскиот тим, кој денеска ја оствари и најубедливата победа.
Македонија загуби со 0-3, по сетови 25-20, 25-15 и 25-19. Капитенот Никола Ѓорѓиев го заврши мечот со 12 поени, еден помалку освои Александар Љафтов, додека Филип Савовски имаше седум, а Илиев постигна пет поени.
За Финците ова е четврта победа на четвртиот меѓусебен натпревар. Претходно загубивме со по 3-1, два пати во грпната фаза на Европските првенства во 2019 и 2021, додека едно соочување имаме во ЦЕВ Европската Сребрена лига 2022. За Финците ова е втора победа на турнирот во Братислава, бидејќи вчера со 3-0 славеа и против домашната селекција. Македонија утре од 15 часот ќе се соочи со Словачка во рамки на 2.коло од Златната лига и ќе ја бара првата победа.