Вести Свет Топ вести

Крвопролевањата продолжуваат – убиени 22 Палестинци во израелски напад во Појасот Газа

Најмалку 22 Палестинци беа убиени во израелски напади во неколку области на Појасот Газа.  Дванаесет лица, вклучувајќи четири члена на едно семејство, беа убиени, а над 40 други беа ранети во израелско гранатирање кое таргетираше шатори во кои се засолнуваа раселени Палестинци западно од Кан Јунис, во јужниот дел на Појасот Газа.

Уште седум Палестинци беа убиени во израелски воздушен напад чија цел беше куќа во која се засолнуваа раселени лица западно од градот Газа. Одделно, петмина Палестинци беа застрелани од израелските сили во близина на центар за дистрибуција на помош западно од Рафа. Неколку други беа повредени.

Досега се убиени 115, а ранети се 580 лица кои се обидувале да пристапат до хуманитарна помош. Деветмина сè уште се водат како исчезнати, според пресметката на Анадолија врз основа на палестински извори.

На првиот ден од Курбан Бајрам, беа убиени 33 Палестинци  во израелски воздушни напади и низ неколку области на Појасот Газа. Ова е четвртиот Бајрам за жителите на Газа во вакви услови откако Израел започна геноцидна војна, во која загинаа речиси 54.700 Палестинци.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски: Русите се подготвуваат да ја продолжат војната, игнорирајќи ги сите мировни предлози

Дејан Дејан

(Видео)Овие институции одново ги убија нашите деца – порачаа родителите на загинатите во пожарот

Дејан Дејан

Препораки за безбедно учество во сообраќајот во пресрет на летната туристичка сезона

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе