Поради најавените високи температури денес и утре, Институтот препорачува: Да не се излегува на отворено во периодот од 11 до 17 часот, да се носи светла и лесна облека, а при директно изложување на сонце, задолжително да се користат заштитни очила и капа со светла боја и широк обод.
Препорачливо е да се остане во затворени, климатизирани простории. Прозорците и ролетните треба да бидат затворени во текот на денот, а да се отворат навечер кога температурата е пониска.
Се советува умерен внес на храна и зголемено внесување течности, особено вода. Посебна внимателност се препорачува за повозрасните лица, хронично болните и бремените жени.