Вести Македонија

Приведен млад кавадарчанец, се сомничел дека одземал пари од црква и украл донација за болно дете 

Лишен е од слобода  млад кавадарчанец, кој се сомничел дека одземал пари од црква и украл донација за болно дете, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.

Вчера во 11:40 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода М.О.(19) од овој град, затоа што тој од верски објект (црква) во Кавадарци со употреба на алат и сила, од касетите во објектот одземал пари и кутија во која имало пари за донација на болно дете, соопштија од СВР Велес.

Оттаму додадоа дека по целосно расчистување и документирање на настанот, ќе била поднесена соодветена пријава.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Потрошена последната тронка надеж и доверба – порачаа родителите на загинатите на протестот во Кочани

Дејан Дејан

Зеленски: Русите се подготвуваат да ја продолжат војната, игнорирајќи ги сите мировни предлози

Дејан Дејан

(Видео)Овие институции одново ги убија нашите деца – порачаа родителите на загинатите во пожарот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе