Вести Македонија Најважни

Скопје за мене е емотивна територија, тука имам многу пријатели, полиција да ме бара, знам каде би се сокрил – Бреговиќ во интервју за Телма

Велите „имав среќа да живеам и да заработувам пари од тоа што го сакам, нешто што ќе го правев и бесплатно. Меѓутоа со кои нешта Горан Бреговиќ никогаш не направи компромис?

  • Јас навистина немав многу причини за да правам компромиси. Јас навистина еднаш побегнав од таа судбина да предавам и потоа бев благодарен за сè што ми се случува. Никогаш немав преголеми барања ниту од себе, ниту од другите. Секогаш мислев дека сум добил со тоа што не морам да го работам тоа што сум го студирал, вели Горан Бреговиќ, музичар и композитор.

Но, филозофијата и натаму е дел од Вашиот живот и во начинот на кој гледате на нештата…

  • Знаете како, вие талентот го употребувате за тоа што го работите, а всушност ако имате и малку генијалност, тоа е тоа што ќе го направите живот. Тоа за што го трошите генијот е живот, а ова е само прашање на талент, смета Бреговиќ.

Честопати говорите за „емотивна територија“, што конкретно подразбирате под таа „емотивна територија“?

  • Емотивна територија се местата каде што имате пријатели. Јас во Скопје имам пријатели. И кога ме барала полиција знам кај кого би се сокрил. Тоа се тие точки кои ја одредуваат вашата емотивна територија. Доаѓате на пример на некое друго место кое ве врзува, затоа што тука сте слушнале некоја песна или сте запознале некоја жена или сте јаделе нешто или има случка која ја паметите, ве врзуваат некои години. Тоа е емотивна територија и јас така ја замислувам татковината. Вашата татковина се всушност пријателите, спомените, територијата каде што сте пораснале, објаснува Бреговиќ.  

Во која мера уметноста, културата е исполитизирана денес? – И колку е присутна политиката во културата?

  • Од секогаш била присутна. Културата од секогаш била производ на системот на вредности на културата. Тоа што уметноста е спонзорирана од културата, тоа ние го знаеме како култура. Јас никогаш немав допир со политиката. Можеби имав еден-двајца пријатели кои беа политичари и секогаш ми беше жал за нив. Некако мислев дека тоа баш и не е професија за моите пријатели, нагласи Бреговиќ.

И за крај, во време на економска криза прво нешто за кое што се крати финансиски е токму културата и уметноста, секогаш се става на маргините. Но многумина ја забораваат моќта што ја има уметноста и пораката која што ја праќа низ вековите до денес…

  • Вие сега ќе кажете дека уметноста е страшно загрозена, но јас мислам дека уметноста никогаш немала повеќе шанси одошто денес. Знаете Маркс има една теза за крајот на уметноста. Во еден момент, според неговата теза, човештвото ќе дојде во позиција кога сите ќе бидеме уметници, затоа што тоа тогаш се викаше средства за производство ќе бидат такви. Ние сме сега во таа фаза кога секој кој има телефон може да направи филм, секој кој има мал компјутер може да прави музика и ние навистина одиме кон тоа дека еден ден сите ќе бидеме уметници. Тоа е многу убаво и ја убива на некој начин таа шармантна ароганција која ја имаат уметниците. Но, во исто време ако постои некој идеал кон кој тежнее светот е сите да бидеме уметници и не гледам поубав идеал од тоа кој би го имало човештвото, истакна Бреговиќ.

Разговорот со Горан Бреговиќ го водеше колешката Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Собранието ќе добие безбедносна зона од 1,5 хектар, со воздушна граница од 100 метри во вис и забрана за протести- ќе предизвика и финансиски трошоци за откуп на земјиштето планирано за приватен паркинг

Дејан Дејан

Универзитетски професор со втор министерски обид и поранешен новинар и маркетинг агент- Собранието ги објави биографиите на предлозите за нов министер и заменик министер

Дејан Дејан

„Ѓаволот е во деталите“ потенцира Арсовски – низок изборен праг може да донесе фрагментирано собрание

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе