Вести Свет Топ вести

Нова рунда преговори меѓу Русија и Украина утре во Истанбул

За утре (13 ч.) во Истанбул е закажана нова рунда директни преговори помеѓу Украина и Русија. Новата средба меѓу руската и украинската делегација е на барање на Москва. Како и на првата средба, руската делегација е предводена од помошникот на рускиот претседател, Владимир Медински, а украинската од министерот за одбрана Рустем Умеров.

Првите директни преговори меѓу Москва и Киев, од почетокот на војната, се одржаа на 16 мај во Истанбул, на кои беше договорена размена на воени заробеници „1.000 за 1.000“.

Според руските медиуми, Москва се очекува да презентира меморандум за идниот мировен договор, во кој се вклучени сите аспекти за решавање на причините за судирот.

Претседателот на Русија, Владимир Путин минатата недела најави дека за завршување на војната во Украина бара писмени гаранции од поголемите европски држави дека ќе бидат исполнети неговите пет услови – Ветување дека НАТО нема да се шири на исток; Украина да биде неутрална држава; Укинување на дел од западните санкции; Решавање на прашањето за замрзнатите руски имоти; Заштита на луѓето кои зборуваат руски јазик во Украина.

Додека претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска најавувајќи дека украинска делегација ќе присуствува на разговорите во Истанбул, ги посочи украинските услови. Тие се: Целосен и безусловно прекин на огнот; Ослободување на затворениците; Враќање на киднапираните деца; И подготовка за состанок на претседателско ниво.

По се изгледа дека ќе продолжат преговорите во Истанбул и покрај денешните меѓусебни напади.

Руските сили утрово извршија ракетен напад врз украинска центар за обука на војници при што загинаа 12 луѓе, а над 60 се повредени. Нападот се случи само неколку часа откако руските сили извршија голем воздушен напад врз регионот на Киев, лансирајќи 472 дронови и седум ракети.

Украинската безбедносна служба (СБУ) денеска изврши голема тајна операција под кодно име „Пајакова мрежа“ при што со дронови нападна четири клучни руски военовоздухопловни бази: Белаја во Иркутската област, Олења во Мурманск, Дјагилев во Рјазан и Иваново во истоимената област. Во нападите со беспилотни летала оштетени или уништени се повеќе од 40 руски воени авиони, вклучувајќи бомбардери со долг дострел Ту-95 и Ту-22М3, како и авион за рано предупредување и надзор А-50.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Специјална Стериина награда за колективна актерска игра за ансамблот на претставата „Народен пратеник“

Дејан Дејан

ДЗР: Регионален развој без резултати – Јавните инвестиции заглавени во локални приоритети

Дејан Дејан

(фото)Етна приреди спектакуларна ерупција- нема опасност за наслението

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе