Матеуш Куња (26) и официјално е нов фудбалер на Манчестер јунајтед, објави клубот. Бразилецот доаѓа од редовите на Вулверхемптон за сума од 62,5 милиони фунти. Потпиша петгодишен договор со „црвените ѓаволи“ со можност соработката да биде продолжена на уште една сезона.
Изминатава сезона во Премиерлигата офанзивецот одигра 33 натпревари и постигна 15 голови со шест асистенции. Претходно во кариерата Куња играше и за Атлетико Мадрид, Херта, Лајпциг и Сион
Our first signing of the summer has been agreed 🇧🇷✍️#MUFC
— Manchester United (@ManUtd) June 1, 2025