Индијана Пејсерс се пласираа во финалето на НБА плејофот за првпат по 25 години, откако синоќа ги совладаа Њујорк Никс со убедливи 125–108 во шестиот натпревар од финалето на Источната конференција.
Паскал Сијакам беше најефикасен со 31 поен и заслужено ја доби наградата за најкорисен играч во Источната конференција. Тајрис Халибартон додаде 21 поен и 14 асистенции, додека Оби Топин имаше одличен придонес од клупата со 18 поени.
Пејсерс доминираа во второто полувреме, особено во третата четвртина, каде направија клучна разлика. Тие шутираа со 54% од поле и погодија 17 тројки од 33 обиди, што беше пресудно за победата.
Кај Никс, ОЏ Ануноби беше најефикасен со 24 поени, Карл-Ентони Таунс забележа 22 поени и 14 скокови, додека Џејлен Брансон постигна 19 поени и 7 асистенции. Сепак, гостите имаа 18 загубени топки, што резултираше со 34 поени за противникот.
Индијана ќе се соочи со Оклахома Сити Тандер во финалето на НБА, кое започнува во петок рано наутро во 2:30 часот.