Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го освои ИТФ турнирот во Куршумлиска Бања во Србија што се играше за награден фонд од 30.000 долари. За Македонката ова е 14-та титула во кариерата во сингл конкуренција.
Во финалето денеска Ѓорческа ја совлада Марта Матула од Грција со 2-1 во сетови (26 60 64) за 2 часа и 5 минути игра.
Успехот е уште поголем од причина што Ѓорческа успеа да направи пресврт во мечот и да стигне до победата на турнирот. Триумфот на Ѓорческа ќе значи и скок на ВТА листата на следната промена по завршувањето на Ролан Гарос
Воедно ова за македонската тенисерка е прв освоен турнир по септември 2023 година кога победи истотака на фјучрс турнир во Куршумлијска Бања.