Вести Македонија Најважни

Бугарски европратеник со живковистички амандман?!

Бугарски европратеник се обидува да вметне загрижувачки амандман на Извештајот за Македонија во Европскиот Парламент, тврди премиерот. Во тој амандман се бара потврда на тезата на живковизмот дека македонскиот идентитет бил создаден со одлука на Тито и во соработка со тогашната советска Коминтерна. Оттаму ги повика политичарите во Брисел, внимателно да слушаат какви пораки  доаѓаат од Софија во 21 век и дали тоа има воопшто нешто заедничко со европските вредности?

„Она што повеќе мене ме загрижува е обидот на еден европратеник, кој што доаѓа од владеачката ГЕРБ, да вметне амандман во кој што македонскиот идентитет ќе го дефинира како презент на англиски или сегашен, со што јасно, јасно, ја вади на површина политиката на живковизмот која, за жал, сè уште е жива кај политичарите во Софија. И се потврдува сето она што го зборувавме во минатото дека не се проблем неколку стотини наши сограѓани кои што велат дека се дел од бугарската заедница. Не се суштинскиот проблем на официјална Софија за тие да бидат дел од Преамбулата, туку целосна асимилација“, истакна Мицкоски.

Овој обид за асимилација, според Мицкоски, е ист како тој во 1965 година, кога во пописот исчезнуваат 200.000 Македонци, претходно попишани во пописот во 1956 година во Бугарија. Изрази желење што бугарските пратеници се обидуваат да предизвикаат остра реторика со донесената резолуција во нивниот Парламент, но нема да им вратат со иста мера и носење на резолуција во македонскиот Парламент, туку ќе ги повикаат на добрососедство.

Буугарската резолуција беше придружена и со пораки дека за Македонија нема да има план Б, доколку не се испочитува договорот за уставни измени.

Известувачот за Македонија, европратеникот Томас Вајц, во интервју за бугарска телевизија изрази жалење за постапките на бугарската страна и јасно порача дека во неговиот Нацрт извештај има неколку референци за признавање на македонскиот јазик и македонскиот идентитет и нема сомнеж дека Македонците се Македонци и дека македонскиот јазик е македонски јазик.

Тој очекува мнозинска поддршка за извештајот што ќе се гласа во среда во Европскиот парламент.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Собранието ќе добие безбедносна зона од 1,5 хектар, со воздушна граница од 100 метри во вис и забрана за протести- ќе предизвика и финансиски трошоци за откуп на земјиштето планирано за приватен паркинг

Дејан Дејан

Универзитетски професор со втор министерски обид и поранешен новинар и маркетинг агент- Собранието ги објави биографиите на предлозите за нов министер и заменик министер

Дејан Дејан

„Ѓаволот е во деталите“ потенцира Арсовски – низок изборен праг може да донесе фрагментирано собрание

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе