Вести Македонија Најважни

„Ние загубивме се, вие уште имате за што да се борите“ – порака на роднините на жртвите во „Пулс“ до полицијата и обвинителството

Незадоволни од завршената истрага, родителите на загинатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани го прекинаа молкот. Со транспаренти „ние изгубивме се, вие уште имате за што да се борите“, им порачаа на полицијата и обвинителството дека нема да замолчат и ќе ја бараат правдата до крај. Обвинија дека актуелни функционери и инспектори не се повикани на одговорност.

За разлика од претходните протести, денеска пред полициската станица имаше паркирано возила со што им беше отежнат пристапот на родителите до пред станицата. Тоер сметаат дека има вина и кај полицајците и побараа од полицијата да не ги штити своите функционери.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ пред два и пол месеци загинаа 62-ца млади луѓе, меѓу нив и деца, а околу 200 беа повредени. Родителите на загинатите денеска соопштија дека формирале граѓанско здружение „16 март“ и оти целата правна аргументација за виновните ќе ја објават на Фејсбук.

Пред судот и обвинителството порачаа дека вина има и кај актуелното раководство на министерството за економија, Пазарниот инспекторат, УЈП и други институции. „Криви се, а не се ниту повикани на распит“, порачаа тие.

По завршувањето на протестот, заминаа на гробишта да запалат свеќа за своите најмили. Родителите велат „снимете сега каде се нашите деца, а тие ги штитат виновниците“.

Инаку, обвинителството вчера ја заврши истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Осомничени се 60 луѓе, меѓу нив и поранешни и актуелни функционери.

Срѓан Стојанчов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Украинската разузнавачка агенција тврди дека руското военовоздухопловство претпело штета од седум милијарди долари

Дејан Дејан

Шест лица повредени во Колорадо од Молотови коктели

Дејан Дејан

Украина и Русија денеска во Истанбул на втора рунда преговори за прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе