Државниот јавен обвинител Љубомир Коцевски соопшти дека е завршена истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде на 16 март загинаа 63 лица, а околу 200 беа повредени.
Од денеска, одбраната добива право на увид во доказите и има рок од 15 дена да достави свои докази, рече коцевски во телевизиско интервју, а потоа ќе следи обвинителска одлука.
Коцевски нагласи дека се работи за сложена истрага со учество на 13 обвинители.
Републичкиот обвинител истакна дека паралелно продолжува и дополнителна истрага за улогата на полициските службеници кои се наоѓале во објектот во моментот на избувнувањето на пожарот.
Не се исклучува можноста, доколку се појават нови релевантни докази, истрагата да биде проширена и кон други лица.