За жал немаме капацитети, како воена индустрија, да учествуваме на европскиот пазар, меѓутоа со поддршка од државата која ќе биде неопходна, мислам дека ќе може да се создадат и да земеме дел од колачот, рече Славјанка Петровска, поранешна министерка за одбрана и актуелна пратеничка во собранието од редовите на СДСМ, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма, во контекст на Фондот на Европската унија од 150 милијарди долари за одбрана.
„Неспорно е дека ќе мораме да продолжиме со процесот на модернизација и опремување на нашиот одбранбен систем, на нашата македонска армија, па дури, да речам, и да го забрзаме тоа темпо“, рече Петровска.