Македонија останува цврсто посветена на својот европски пат, на остварување на европската перспектива и на зачувување на стабилноста во регионот. Ова му порачал премиерот Христијан Мицкоски на неговиот унгарски колега Виктор Орбан на средбата во Будимпешта.
На својот профил на Фејсбук, Мицкоски напиша дека во фокус на разговорот била одличната билатерална соработка меѓу Македонија и Унгарија, како и можностите за нејзино натамошно продлабочување.
„Унгарија е наш искрен пријател, силен поддржувач на македонската европска интеграција и важен стратешки партнер“, напиша Мицкоски.
Премиерот е во Будимпешта каде присуствува на влијателен собир на конзервативните партии во светот. На конференцијата е најавено учество и на словачкиот премиер Роберт Фицо, на Андреј Бабиш од Чешка, на Јержи Квашњевски и на Матеуш Моравјецки од Полска, на Херберт Кикл од Австрија, на Алис Вајдел од Германија.