Во Младинскиот културен центар вечерва спој на стрип, музика и технологија, преку цртачки концерт и интерактивна претстава на францускиот стрип артист Виктор Дулон Виду и пијанистката Марина Васиљева.
Во време на економска криза со која се соочува светот денес уметноста е онаа која е прва на удар, вели Дулон во чија кариера има низа соработки со познати продукциски куќи, меѓу кои е и неговиот ангажман за славните Марвел комикс и нивниот проект „Видео-комикс“, каде создаваат спој помеѓу стрипот и видео игра.
„Културата е првата работа што паѓа под удар на економијата која што е во криза, Франција не е исклучок од сето тоа. Сепак во Франција се зголемуваат бројките на продажба на стрипови. Но, тоа најмногу се однесува на манга стриповите, стрипови од Јапонија, Кореја и тоа ги зголемува бројките на продажба. Во Франција 50 % од стрип авторите се под нивото на сиромаштија, значи статусот на стрипот е малку тежок. Јас работам на стрип, но и на други работи затоа што стрипот ми асоцира на„ поранешна девојка“ со која сето тоа лошо помина и ми изгледа комплицирано, меѓутоа остана една уметност која што многу ја сакам“ Виктор Дулон-ВиДу, стрип артист.