Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против две службени лица за проневера во службата. Осомничени се дека присвоиле пари од благајната, наплатени од пациентите по основ на партиципација и приватни здравствени услуги.
Во периодот од август лани до 30 април оваа година во својство на службени лица во прилепската болница, со цел да прибават за себе противправна имотна корист, во повеќе наврати присвоиле парични средства од благајната, наплатени од пациентите по основ на партиципација и приватни здравствени услуги, за 2024 година и за 2025 година во вкупен износ од околу 37.000 евра, со што е го оштетиле Буџетот на болницата.
По насоки на Основно јавно обвинителство Прилеп во текот на утринските часови од страна на службени лица на Управата за финансиска полиција едно од лицата е обезбедено и е изведено пред јавен обвинител за понатамошно постапување.