Променливо облачно со сонце и услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец.
Во Скопје, променливо облачно со услови за слаб дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 8 до 15°C, а максимумот од 15 до 23°C.
Информација од утрово:
Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)
Охридско Езеро 15.0, Преспанско Езеро 15.0, Дојранско Езеро 19.8.
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/