Пратениците во Собранието со 68 гласа “ЗА“ и 16 гласа “ПРОТИВ“ го избраа Трајко Славевски за гувернер на Народна Банка. Славевски е предлог на претседателката Гордана Сиљановска Давковка, која откатко го предложи доби низа критики од експертската јавност и од опозицијата.
При денешното гласање опозициските пратенци нагласија дека нема да гласаат за Славевски. Некои од нив објаснуваа дека тој нема искуство во монетарна економија, додека други го критикуваа делот кадешто тој се уште е актуелен член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Трајко Славески е ѝ актуелен претседавач на Советот на Град Скопје во кој е избран како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ. Славески исто така е универзитетски професор на скопскиот Економски факултет.
Од 2006-та до 2009-тата беше министер за финансии, но беше разрешен по несогласувањата со Никола Груевски за начинот на трошење на буџетските пари. Во игра за 7-годишен гувернерски мандат беа и Зоран Ставревски, актуелен советник на премиерот Мицкоски кој беше министер за финансии од 2009-та до 2016-та и досегашната гувернерка Анита Ангеловска Бежоска.