Оклахома славеше убедлива победа од 30 поени разлика против Минесота и се пласираше во големото финале од плеј-офот во рамки на НБА-лигата.
Тандер триумфираше со 124-94 против Тимбервулвс за убедливи 4-1 во победи во рамки на финалето на Западната конференција. Оклахома се враќа во големото финале по пауза од 2012 година.
Шеи Гилџеус-Александер со 34 поени го предводеше домашниот тим до триумфот, Чет Холмгрен имаше 22, а Џејлен Вилијамс 19 поени. Кај гостите од Минесота, Џулиус Рендл беше најефикасен со 24 поени, а Ентони Едвардс имаше 19.
Оклахома во пресметката за титулата сега го чека победникот од Источната конференција, каде Индијана има предност од 3-1 против Њујорк.