Вести Македонија Најважни

Обвинителството истражува додека Арсовска и Ганиу продолжуваат со меѓусебни обвинувања

Обвинителството истражува, полицијата чека некој да пријави бесправно градење, градоначалничката Арсовска и градоначалникот Ганиу продолжија со меѓусебни обвинувања за криминал и одработување во корист на политичка партија.

МВР вели дека службена белешка за посочените објекти е направена и доставена до Обвинителството, но и дека чека на скопската градоначалничка да поднесе кривична пријава и да достави документација за двете дивограби кои Арсовска јавно ги посочи.

Од страна на градоначалничката Данела Арсовска до СВР не е стигната официјална пријава по однос на случај со наводно бесправно градење.Од страна на СВР Скопје доставен е допис до Град Скопје заради обезбедување на целокупната документација која се однесува на предметните настани“ соопштуваат од МВР.

Од Обвинителството пак соопштија дека веќе се постапува по документацијата доставена од скопската полиција без да прецизираат какви наредби се издадени. И тие ја повикаа градоначалничката Арсовска да им достави документација.

Антикорупциската комисија во февруари 2023 година достави до Обвинителството комплетна документација за дивоградба во населбата Дуќанџик со барање на кривична одговорност на градоначалникот Ганиу, но не е познато што направи Обвинителството по овој предмет.

„Предлагам до надлежното ОЈО да се покрене иницијатива за поведување на постапка за кривично гонење поради сомневање за сторено кривично дело – злоупотреба на службена положба и овластување од Членот 353 од Кривичниот Законик во однос на двете службени лица. Значи градоначалникот тогашен Висар Ганиу и овластениот инспектор“ велат од ДКСК.

Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу смета дека Арсовска се однесува како истражен орган, прави шоу, и најави тужби за клевета. Ганиу потврди дека во Чаир има дивоградби и нагласи дека има во помал број од неколку скопски општини. Вели дека дивоградби има како и во сите скопски општини и тврди дека не уништува никаква документација.

Градоначалничката Арсовска преку социјалната мрежа „Фејсбук“ побара од Обвинителството да влезе во Општина Чаир, бидејќи имала информации дека таму се уништува документација поврзана со дивоградбите.

„Јавното обвинителство и правосудната полиција за сторено кривично дело дознаваат со непосредно забележување, по допрен глас или кривична пријава. Досега пријави за дивоградби Јавното обвинителство има добиено писмено, по допрен глас, а редовно е пријавувано и во полиција. Во Чаир има повеќе од 150 документирани, утврдени дивоградби кои се спротивно на закон градени сега а не во 2011 година, без или со фалсификувани документи“ напиша градоначалничката Данела Арсовска.

Првиот вицепремиер и лидер на Влен, Изет Меџити очекувано застана во одбрана на градоначалникот Ганиу и исто така ја обвини Арсовска дека по налог на ДУИ за да ги дестабилизра општините и најави кривична пријава против неа.

Од кабинетот на скопската градоначалничка нема информација дали во текот на вчерашниот и денешниот ден е доставена нова документација до Обвинителството за дивоградби во Чаир и фалсификувани докуемнти.

Oгнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Милановиќ: Ниту една земја повеќе нема да влезе во ЕУ, освен можеби само Црна Гора

Дејан Дејан

Сојузниците во НАТО треба да издвојат пет отсто од БДП за одбрана – Рубио на средбата со Муцунски во Вашингтон

Дејан Дејан

Нема логика да се чека за носење на измените на Изборниот законик, смета Калеска-Ванчева

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе