Мерките од Оперативниот план за вработување за 2025 година имаат за цел да ја променат логиката на државната поддршка од пасивна контрола на невработеноста кон активна мобилизација, истакна владината портпаролка на денешната прес-конференција во Владата.
Митева се осврна на двете суштински мерки од Оперативниот план.
– Поддршката за самовработување која опфаќа три категории е за невработени лица до 29 години која според проекциите има опфат од 720 лица, а финансиската рамка е 615 илјади денари неповратни средства. Втората категорија се невработени лица над 29 години која опфаќа 610 лица, а овде финанасиксиата рамка е 430 илјади денари неповратни средства. Поддршка за вработување на здружување во друштво со ограничена одговорност која е предвидено да опфати 400 лица, тука може да се направи рализка во однос на финансиската рамка затоа што најнискиот износ од 861 илада ќе се донесува на два содружника над 29 години, а највисокиот од еден милион и 230 илјади денари се однесува на два содржуника до 29 години, посочи портпаролот на Владата.
Таа истакна дека втората суштинска мерка од Оперативниот план е е поддршката за креирање на нови работни места
-Оаа мерка опфаќа нови работни места во микро, малите, средните претпријатија и граѓанските организации, опфатот е за 1.570 лица, втора категорија тука која е исклучително важна е поддршката за вработување на лица со попречености и оваа мерка опфаќа вработување на 150 невработени лица, појасни Митева.
Оцени дека овие две мерки не се само техничка категорија, туку дека тие се политичка одлука да се промени логиката на државната поддршка од пасивна контрола на невработеноста кон активна мобилизација.
-Овие две мерки не се само технички категории, тие се политичка одлука да ја промениме логиката на државната поддршка од пасивна контрола на невработнеоста кон активна мобилизација на таленот кој го имаме, но предолго бил заборавен. Самовработувањето не е само помош на поединецот, тоа е сигнал до целото општество дека не чекаме само инвеститори да ја спасат економијата ние ги охрабруваме луѓето да бидам сами инвеститори во нивната иднина. Создавањето на нови работни места не е само поддршка за фирмите, туку враќање на вербата дека трудот е вредност која се испплати, дека има логика во останбувањето тука, во започнување на ново поглавје, во градење на нешто свое. Оваа влада нема да дозволи повеќе ниту еден човек коој има волја да работи да создава да биде игнориран како што било тоа случај во минатото, изјави Митева.
Нагласи дека се очекува целосна искористеност на мерките и средствата кои ги нуди овој Оперативен план.