Челси е подготвен да ја плати откупната клаузула од 30 милиони фунти во договорот на Лиам Делап со Ипсвич. Младиот англиски напаѓач имаше уште неколку понуди како од Манчестер јунајтед, Њукасл и Астон Вила, но тој решил кариерата да ја продолжи во Челси.
Делап лани имаше одлична прва сезона во Премиерлигата и за Ипсвич одигра 37 натпревари, а постигна 12 голови. Тој е продукт на академијата на Манчестер сити за кој има само два настапи, а играше како позајмен во Стоук, Престон Норт Енд и Хал Сити.