Вести Македонија Најважни

Евалуација на повредените од пожарот во Кочани сè уште трае – тие со писмо дали ќе останат пак сами?

Евалуацијата на состојбата на повредените во кочанската дискотека „Пулс“ се уште до крај не е завршена, бидејќи треба да се прегледаат пациенти кои минатата недела не успеале да дојдат во кочанската болница, кога беа тимот од лекари од неколкуте Клиники од Скопје. Директорката на Клиниката за пластична хирургија, Јасмина Ѓоргиевска Павловска за Телма вели дека досега е извршена евалуација на над 140 пациенти од Кочани.

Извештајот за состојбата на пациентите и каков третман ќе им треба понатаму се очекува да биде готов до крајот на неделава. Во текот на денешниот ден повредените и нивните родители преку писмен допис реагираа на заминувањето на докторката Катерина Паниќ Мирчовска во друга болница. Повредени се задоволни од нејзината грижа кон нив.

„Се прашуваме дали пак ќе останеме сами? – Повеќе не веруваме. И сакаме сите да знаете, не е исто. Не е исто кога некој само ја пополнува смената и кога некој навистина се грижи. Ние тоа го чувствуваме секој ден, на секој преглед, во секој здив од болка. Докторката Кате не беше само лекар. Таа беше наша надеж, сила и стабилност. Начинот на кој нѝ пристапуваше со човечност, посветеност и разбирање не може да се замени. Во неа стекнавме длабока доверба, доверба што не доаѓа лесно кога се поминува низ траума и неизвесност“, велат во писмото повредените.

Директорката на Кочанската болница, Кристина Серафимова смирува и вели дека докторката Паниќ-Мирчовска ќе остане да работи и да им пружа здравствена грижа на повредените. Докторката барањето за заминување го поднела пред да се случи трагедијата, а сега со потпис на заменик министерот за здравство останува да работи во кочанската болница, сè додека пациентите имаат потреба од нејзината здравствена нега.

Таа додава дека поврзаноста на докторката со децата ќе остане засекогаш, а тоа ги прави и посебни горди. Од околу 200 повредни млади луѓе во кочанската дискотека „Пулс“ во странските медицински центри се лекуваат уште девет пациенти. Во сабота во Кочани ќе се одржи осмиот протестен Марш за ангелите.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Милановиќ: Ниту една земја повеќе нема да влезе во ЕУ, освен можеби само Црна Гора

Дејан Дејан

Сојузниците во НАТО треба да издвојат пет отсто од БДП за одбрана – Рубио на средбата со Муцунски во Вашингтон

Дејан Дејан

Нема логика да се чека за носење на измените на Изборниот законик, смета Калеска-Ванчева

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе