Русија соопшти дека составила мировен „меморандум“ во кој ги наведува своите услови за прекин на конфликтот со Украина. Русија е подготвена да го претстави меморандумот на Киев на директни разговори во Истанбул на 2 јуни.
„Нашата делегација е подготвена да го презентира овој меморандум на украинската делегација и да ги даде потребните објаснувања за време на втората рунда директни разговори во Истанбул в понеделник, 2 јуни“ изјави министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.