Вести Македонија Најважни

Осомничен и газдата на објектот во кој работеше „Пулс“ – проширена истрагата за пожарот во Кочани

И газдата на објектот на дискотеката „Пулс“ сега е предмет на истрага на кочанското обвинителство. КОД веќе пишуваше дека сопственик е Гроздан Милковски од Кочани, пензионер по потекло од Крива Паланка. Истрагата, како што соопшти кочанското обвинителство, е проширена за уште едно лице кое е осомничено како соизвршител за „Тешки дела против општата сигурност“. Кочанското обвинителство притоа обезбедило докази дека објектот Милковски го издавал под закуп на еден од осомничените, односно Дејан Јованов Деко, кој бил газда на „Пулс“.

„Без да поднесе барање и да добие одобрение за пренамена на објектот од надлежен орган, заеднички и во договор со осомничениот неформален сопственик на правното лице, тој на различни датуми и во повеќе наврати во временскиот период од 2012 година до месец март во 2025 година, преземал градежни активности со кои извршил и учествувал во незаконска пренамена на објектот од намена Г3 – сервиси и сообраќајна инфраструктура во намена Б3 – големи угостителски единици и овозможил во објектот незаконски да се врши угостителска дејност дискотека/кабаре“, соопшти ЈОРСМ.

Објектот датира од 1999 година. Најпрвин бил дивоградба. Првата зграда со површина од 419 метри квадратни е запишана во катастарот во 2001 година. Во 2011 година, дивоградбата станала леглална со плус 51 квадрат.

Со оглед дека е регистриран како зграда во останато стопанство, значи дека требало да врши некоја индустриска дејност. Но, наместо тоа дискотеката „Пулс“ била отворена во зимата 2012 година и работела сè до пожарот во март, кој однесе 62 животa. Во катастарот притоа не стои никаде дека е направен договор за наем, иако законот го налага тоа. Тоа значи дека договорот бил усен, а пари за кирија се давале на рака.

Во 2014 година во јуни во катастарот како сопственост е впишан и двор, а дискотеката „Пулс“ веќе над две и пол години функционирала. Истрагата за пожарот според обвинителството, треба да заврши за околу една недела. Досега осомничени се десетици лица и неколку фирми.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Венчавки во „Порта Македонија“ од 1 јуни – термини од четврток до недела од 14 до 17:30 часот

Дејан Дејан

(Видео) Се урна глечер во Швајцарија, збришано цело село на Алпите

Дејан Дејан

Писмо од СДСМ до Сиљановска – договорот е ништовен, бидејќи е потпишан од потпретседател на државата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе