Вести Македонија

Оперативен план за вработување од 40 милиони евра

Со оперативен план за вработување тежок 40 милиони евра – Владата ќе ја намалува невработеноста. Со владиниот план треба да бидат опфатени повеќе од 16 илјади невработени лица. Ќе се вработуваат 400 пожарникари и уште 600 невработени граѓани кои треба да бидат ангажирани за јавни работи и општински проекти.

„Од услугите би ги наброил посредување при вработување, помош при барање работа, мотивациски обуки за невработените лица, активација на невработените лица кои се во ризик“, кажа Сељатин Бељули, директор на Агенција за вработување .

Планирани се и грантови за млади до 29 години.

„Во рамки на мерката поддршка за самовработување оваа година имаме нови мерки. Има нова мерка со која оние кои имаат основно образование можат да започнат свој бизнис, а висината на оваа поддршка изнесува седум илјади евра“, објасни Бесар Дурмиши, министер за економија и труд.

Стапката на невработеност во Македонија во последното тримесечје на минатата година изнесува 11,9 отсто и е на рекордно ниско ниво. Од друга страна пак компаниите покрај недостиг на работна сила, која сега се надополнува и со увоз на работници од надвор, загрижени се и за ниското ниво на продуктивност.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Милановиќ: Ниту една земја повеќе нема да влезе во ЕУ, освен можеби само Црна Гора

Дејан Дејан

Сојузниците во НАТО треба да издвојат пет отсто од БДП за одбрана – Рубио на средбата со Муцунски во Вашингтон

Дејан Дејан

Нема логика да се чека за носење на измените на Изборниот законик, смета Калеска-Ванчева

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе