Ракомет Спорт

Гиљермо останува на клупата на Вардар и следната сезона

Ракометниот клуб Вардар го продолжи договорот со својот актуелен тренер Гиљермо Милано на уште една сезона. Најтрофејниот македонски тим и аргентинскиот стратег брзо најдоа заеднички јазик за продолжување на соработката.

Милано седна на клупата на Вардар во ноември 2024 година на местото на Владо Недановски и оттогаш има биланс од 18 победи, две ремија и само еден пораз. Челниците на „црвено-црните“ очигледно се задоволни од работата на Аргентинецот па му дадоа доверба и за следната натпреварувачка година.

Оваа сезона Вардар е во игра за враќање на шампионската титула во домашното првенство, но за такво нешто ќе мора да слави против Тиквеш на гости и Еурофарм Пелистер на домашен терен. Милано ќе има шанса за прв трофеј со Вардар веќе претстојниот викенд, кога се игра завршниот турнир во Купот на Македонија во Охрид, а во полуфиналето ќе ги одмери силите со Алкалоид.

Фото: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трајковски: Имаме доволно време да се подготвиме тактички и физички за Белгија

Дејан Дејан

Мартин по само една сезона ќе ја напушти Априлија

Дејан Дејан

Лиам Делап ќе биде новата „деветка“ на Челси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе