Вести Македонија Најважни

Функционери бизнисмени – Лапале тендери со скриени фирми

Поранешни и сегашни функционери не ги пријавиле фирмите што ги поседуваат, па со тие фирми си лапале државни тендери. Истражувањето на Центарот за граѓански комуникации покажа дека секој осми функционер има и приватен бизнис настрана. Половина од тие бизниси не ги пријавиле пред Државната комисија за спречување на корупцијата.

Како карактеристичен пример посочуваат градоначалник кој имал пет фирми, но во Државната комисија за корупција пријавил само две, а другите три не ги навел во изјавата за интереси. Дел од овие фирми потоа добивале тендери и концесија за ископ на минерални суровини.

Поранешен член на владата имал удели во 20 фирми, но во изјавата за интереси што ја доставил до ДКСК пријавил само две, од кои едната во процес на продажба. Ги пријавил само фирмите во кои е основач, но не и другите фирми основани од нив. Една од непријавените фирми добила тендер.

Поранешен министер си отворил фирма додека бил на функција.

Функционерите не си давале тендери сами на себе, туку им давала друга институција. Утврдено е дека бизнисот им цветал додека биле на функција.

Токму непријавувањето на фирмите на функционерите отвора голем ризик од корупција. Казните за недоставување изјава за интереси е од 300 до 500 евра.

„Казните се едно, меѓутоа мислам дека има основа да се покренат и некои други постапки, затоа што непријавувањето е еден прекршок, меѓутоа ако таа фирма што не е пријавена, потоа добива државни договори, тогаш можеби малку подлабоко да се прочепка во причините за непријавувањето, па може ќе излезат и други дела, не само непријавувањето како прекршок“, вели Герман Филков од Центарот за граѓански комуникации.

Во регистарот на вистински сопственици биле проверувани 360 министри, заменици министри, директори на фондови и на државни претпријатија, градоначалници и претседатели на општинските совети, кои биле на функција од 2022 до 2024 година. За 21 функционер, Центарот не можел да провери, а од останатите 339, 41 функционер имале 72 фирми. Сепак, повеќе од половина од нив, односно 23 функционери не пријавиле сопствеништво во 43 фирми.

Во истражувањето е откриено и дека функционери пријавувале дека имаат фирми пред Антикорупциската комисија, но тие фирми не биле на нивно име, па прашање е на кои податоци да се верува. Откриени се и случаи кога функционери ги продавале фирмите, но прашање е дали тоа било само фиктивно.

Срѓан Стојанчов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Милановиќ: Ниту една земја повеќе нема да влезе во ЕУ, освен можеби само Црна Гора

Дејан Дејан

Сојузниците во НАТО треба да издвојат пет отсто од БДП за одбрана – Рубио на средбата со Муцунски во Вашингтон

Дејан Дејан

Нема логика да се чека за носење на измените на Изборниот законик, смета Калеска-Ванчева

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе