Вести Свет

Француски хирург доби 20 години затворска казна откако призна вина дека вршел сексуални насилства врз пациенти

„Поранешниот 74-годишен француски хирург Жоел Ле Скуарнек кој призна дека сексуално злоупотребил 299 пациенти, од кои најголем број деца денес е осуден на 20 години затвор.

Ле Скуарнек сексуалните насилства ги извршил во периодот од 1989 до 2014 година кога работел во десетина медицински установи во западна Франција. Тој е осуден за  111 силувања и 189 сексуални напади и злоупотреба на својата положба како лекар. Од 299 жртви дури 256 биле помлади од 15 години. Просечната возраст на жртвите на Ле Скуарнек е 11 години, но поранешниот хирург е осуден и за  за силување на едногодишно дете и за сексуален напад врз 70-годишен човек.

Поранешниот лекар веќе е во затвор откако во декември 2020 година беше осуден на 15 години за силување и сексуален напад на четири деца, вклучително и две од неговите внуки.

Властите почнаа да го истражуваат Ле Скуарнек во 2017 година, откако шестгодишно девојче кое живееше во истата населба во југозападниот град Јонзак, тврдеше дека ја силувал. Истрагата покажала дека тој во 90-тите години од минатиот век ги силувал и своите две внуки и уште еден млад пациент. Во 2020 година тој е осуден на 15 години затвор. При претресот на неговиот дом полицијата пронашла десетици кукли кои ги користел како секс играчки и над 300.000 фотографии од сексуална злоупотреба на деца, како и неговите дневници каде опишува детали од нападите врз своите пациенти во текот на 25 години. Ле Скуарнек внимателно ги запишал имињата на своите жртви, од кои некои малтретирал во операциска сала.

Регионалните обвинители отворија посебна истрага за „неспречување кривично дело или прекршок против интегритетот на лицата“, иако таа сè уште не е насочена кон ниту еден поединец или институција. Се поставува прашањето дали Ле Скуарнек имал заштита од неговите колеги и од управата на болницата, бидејќи американското Федерално истражно биро (ФБИ) предупредило дела посетувал сајтови со детска порнографија. Но, болницата каде што работел му изрекла само условна казна. Исто така се претпоставува дека и семејството на Ле Скуарнек знаело дека е педофил, но не интервенирало.

Тој беше оженет и има три сина родени помеѓу 1980 и 1987 година. Двојката се раздели на почетокот на 2000-тите, но нивниот развод беше официјализиран дури во 2023 година“ пишува МИА.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Милановиќ: Ниту една земја повеќе нема да влезе во ЕУ, освен можеби само Црна Гора

Дејан Дејан

Сојузниците во НАТО треба да издвојат пет отсто од БДП за одбрана – Рубио на средбата со Муцунски во Вашингтон

Дејан Дејан

Нема логика да се чека за носење на измените на Изборниот законик, смета Калеска-Ванчева

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе