Вести Македонија

Дуковска се жали на пресудата на управен, од судот велат пресудата е законита и навремена

Судијката Елизабета Дуковска со серија правни чекори одговора на пресудата на Управниот суд, кој го поништи нејзиниот избор за уставен судија. Покрај барање до судски за  одговорност за сите шест судии од Управен и Виш Управен суд, таа поднела и жалба на пресудата во која пишува дека  жалбата не е дозволена.

Дуковска има поинакво толкување.  Во разговорот за Телма најави дека подготвува и кривични пријави.

Поднесов жалба против пресудата на Управен суд како заинтересирано лице бидејки не ми е овозможено никакво право во текот на постапката ниту јавна расправа а ми е одземено и правото на  жалба. Јас и како заинтересирано лице но и согласно Уставнот имам право на жалба. Одлуката за избор е поништена но мене мандатот не ми одземен. Само Уставен суд може да ми го одземе мандатот. Поднесов  пријава до ДКСК за Антоанета Димовска дека влијаела како член на судкси совет, рече дуковска.

Не се работи за задоцнета одлука, туку законита и правно аргументирана одлука донесена во законски водена постапка се огласија денеска од Управниот суд. Во предметот кој два пати бил укинуван од Вишиот управен суд и враќан назад во Управен, постпаувале во законските рокови брзо, ефикасно и навремено, стои во соопштението потпишано од претседатлеот на судот Бурим Сејдини.

Жалиме, што дел од чинителите на правосудната власт, со неаргументирани изјави ја поткопуваат судската независност која е темел на правната држава, а воедно и интегритетот и довербата во судството, кон кои сите се стремиме, пишува во соопштението.

Изјавите дадени во врска со предметот од уставни судии и членови на други судски инстанци се неприфатливи и серизоно го нарушуваат уставното начело на независност на судството со тоа што повикуваат на јавна одговорност на судиите преку медиумите за донесена судска одлука, без почитување на независноста на судската власт, а притоа употребувајќи типологии како “време и  невреме”. Судовите се обврзани да носат одлуки исклучиво врз основа на Уставот, законите и доказите, ослободени од надворешни влијанија од било каква природа. Само на тој начин може да се обезбеди довербата на граѓаните во правниот систем и да се зачува интегритетот на институциите, соопштуваат од управниот суд.

Дуковска беше избрана во собранието како предлог на судксиот совет. Според пресудата на Управен незаконска и спротивна на Уставот била прелдожена Елизабета Дуковска за уставен судија без да гласа и за другите две кандидатки мегу кои и подноситлеката на тужбата пред Управен Антоанета Димовска

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Милановиќ: Ниту една земја повеќе нема да влезе во ЕУ, освен можеби само Црна Гора

Дејан Дејан

Сојузниците во НАТО треба да издвојат пет отсто од БДП за одбрана – Рубио на средбата со Муцунски во Вашингтон

Дејан Дејан

Нема логика да се чека за носење на измените на Изборниот законик, смета Калеска-Ванчева

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе