Спорт Фудбал

Челси бара „покер“ европски круни, Бетис својата прва во историјата

Челси и Бетис вечерва од 21.часот во Вроцлав, Полска ќе се борат за трофејот во Конференциската лига на УЕФА. Двата клуба со евентуална победа можат да испишат нова историја.

Челси влегува како фаворит во вечерашната пресметка за титулата во третото по ранг европско клупско натпреварување. Премиерлигашот има сериозно голем и квалитетен ростер на играчи иако повеќето од нив немаат искуство во големите финалиња. Тимот на Енцо Мареска е релативно млад, но со многу талент во своите редови. „Сините“ со победа вечерва ќе испишат нова европска историја, бидејќи ќе станат единствениот клуб на Стариот Континент со пет различни европски пехари. „Сините“ веќе имаат две титули во Лигата на шампиони, две во Лигата на Европа, односно УЕФА Купот, потоа два трофеи во Супер купот на УЕФА и Купот на победниците на куповите, кое веќе подолго време не постои.

На спротивната страна е Бетис за кого ова е прво европско финале во историјата. За разлика од нивниот градски ривал Севилја, „зелено-белите“ немаат педигре во меѓународните натпревари. Сепак, момците на тренерот Мануел Пелегрини со победа вечерва имаат шанса да испишат своја нова клупска историја. Во своите редови го имаат искусниот Иско, кој со години беше дел од дрим-тимот на Реал Мадрид и секако препородениот Ентони, кој е на позајмица од Манчестер јунајтед.

Двајцата тренери добро се познаваат. Енцо Мареска играше под Пелегрини во Малага, а потоа Италијанецот му беше и помошник на искусниот стратег на клупата на Вест Хем.

Пелегрини има далеку повеќе проблеми во составот со повредени играчи. Џовани ло Селсо  и голманот Фран Виетес се под знак прашалник за настап поради повреди, како и десниот бек Јусуф Сабали. Сигурно нема да настапат Хектор Белјерин, стоперот Диего Лјоренте и играчот од средниот ред Марк Рока.

На спротивната страна Мареска не може да смета на Весли и Давид Форана, а неизвесни за настап се Марк Гуи и Кристофер Енкунку.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мартин по само една сезона ќе ја напушти Априлија

Дејан Дејан

Лиам Делап ќе биде новата „деветка“ на Челси

Дејан Дејан

Алегри се враќа на клупата на Милан

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе