Обвинители кои постапуваат во истрагата во врска со пожарот во кочанската дискотека “Пулс” започнуваат да сослушуваат претставници на семејствата, односно на законските застапници на починатите.
Преку исказите дадени пред јавен обвинител тие ќе можат да си ги остварат своите права како оштетени и да се приклучат кон кривичниот прогон. Исто така, ќе можат и директно да се информираат за текот и фазата во која се наоѓа постапката, но и да кажат свои сознанија за настанот.
Осомничени се 68 физички и три правни лиа. Истрагата која се води за трагичниот настан во Кочани во кој загинаа 62 млади луѓе ќе заврши за неколку дена, најави јавниот обвинител Љупчо Коцевски.
„Досега се распрашани голем број на сведоци, можеби над триста. Се надевам дека јавните обвинителите ќе ја завршат постапката во предвидена со динамиката“, рече Коцевски.