Вести Економија Најважни Свет

Трамп го одложува зголемувањето на царините за ЕУ

Американскиот претседател Доналд Трамп се согласи да ги одложи царините од 50 отсто кои ги најави за Европската Унија.

Ова е второ одложување откако Трамп пред еден месец објави царини од 20 отсто за повеќето стоки од Европската Унија, кои подоцна ги намали за 10 отсто со цел да даде време за дополни преговори, сепак според него темпото на разговорите за периодот кој го дал било незадоволително.

Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен побара продолжување на времето за преговорите до 9ти јули, на што доби потврден одговор од претседателот Трамп.

„Таа штотуку ми се јави, како што знаете. И побара продолжување на датумот до први јуни. Рече дека сака сериозни преговори затоа што ви кажав конкретно, и им кажав на сите што би слушале. Тие мора да го сторат тоа. И имавме многу убав разговор и се согласив да го поместам. Верувам дека 9 јули ќе биде датумот. Тоа беше датумот што го побара таа. Можеме ли да го поместиме од 1 јуни на 9 јули? И се согласив да го направам тоа и таа рече, брзо ќе се собереме и ќе видиме дали можеме да најдеме решение“ изјави Доналд Трамп, американски претседател.

Претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен на социјалната мрежа „Х“ ја поздрави одлуката на американскиот претседател и потенцираше дека Европа е подготвена брзо и решително да ги унапреди разговорите.

Откако Трамп ја започна ерата на воведување на царини за земјите ширум светот светска економија се соочи со низа на проблеми. Претходно САД и Кина кои беа во трговска војна по долготрајните преговори се согласија да ги намалат царините во период од 90 дена со цел да го стабилизираат американскиот и кинескиот пазар.

Tea Димковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Петровска: Седум до 10 години е прифатлив рок за Македонија да издвојува пет проценти од БДП за одбрана

Дејан Дејан

Крстиновска: Србија и БиХ вешто го искористија наследството од Југославија и произвeдуваат поголем капацитет на оружје

Дејан Дејан

Вучиќ најави предвремени избори по завршувањето на подготовките за Експото

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе