Вести Економија Топ вести

Следната недела нова цена на струјата за домаќинствата

Идната  недела ќе има појасна слика за тоа каква цена на струјата ќе плаќаат граѓаните во следните шест месец. ЕВН ХОУМ веќе го објави тендерот на кој ЕСМ треба да достави нова понуда со цена по која би ја продавал својата струја на Универзалниот снабдувач, наменета за домаќинствата и малите потрошувачи.

Сега е  62 евра за мегават час, ова е далеку пониско од производната на ЕСМ. Дали и какви промени ќе има во износот ќе се знае на 4 јуни кога ќе се отвораат понудите.

Она што сега се знае е дека поради вишок на струја и намалените потреби на Универзалниот снабдувач,  ЕСМ го оптимизира своето производство, а според информациите успеале и да ја намалат производната цена  која надминуваше 100 евра за мегават. Но, сепак се  уште е повисока од она цена по која пласира  струја за домаќинствата. Останува да се види дали овие параметри ќе бидат доволна за да  има надолна корекција.  Електрани се уште пресметуваат.

Според, формулата каква ќе биде цената, најмногу завиди од понудата на ЕСМ. Помал удел во формирањето на цената имаат барањата на МЕПСО,  Електродистрибуција и МЕМО, кои ги доставуваат до регулаторна. Но,  овој пат од  таму соопштија дека преносниот систем и дистрибуција своите пресметки нема сега да ги поднесат до РКЕ, туку во ноември.

Познавачите веќе се изјаснија дека не очекуваат да има промени во цената за домаќинствата.

Во јануари,  струјата минимално поскапи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Чакулев: Сѐ она што гледаме дека се гради е главно од постари ДУП-ви

Дејан Дејан

Ниту една урбана општина не го исполнува стандардот од 25 метри квадратни зеленило по жител

Дејан Дејан

Злосторства на „Беланоца/Барон“: Пред 5 години, убиле скопјанец за 10 000 евра бидејќи сметале дека убиениот соработувал во истрагата за петкратното убиство кај Смилковци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе