Системот за рано предупредување за исчезнати деца сè повеќе добива значење. Организацијата која од 2021 година активно работи на негов развој, апелира тој да стане национален. Целта е информацијата за исчезнато лице што е можно побрзо да стигне до целата јавноста.
Досега се активирани пет до шест аларми за возрасни лица и еден за дете, при што еден од случаите се однесува на странски државјанин. Се бараат поефикасни и пошироки механизми, како и вклучување на национални здруженија, за поголема и побрза потрага по исчезнатите.