Нема нови сомнителни случаи на мајмунски сипаници, ниту новопотврдени, соопштија од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Двајцата заразени се наоѓаат во добра здравствена состојба.
Епидемиолозите од Институтот се во редовна комуникација со нив, како и со нивните контакти. Никој од анкетираните не пријавил симптоми на заразата, информираат од Институтот.
По лабораториската потврда на првиот случај на мајмунски сипаници во земјава, лекарите смируваат дека нема опасност од ширење на заразата.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.