Вести Македонија Топ вести

Беретка за 22 евра, маица долна за 9, најскап е комбинезонот за полициските специјалци и чини 250 евра- цени на тендерот за униформи кој ги скара опозицијата и Тошковски

Комбинезон за 15 811 денари или двеста и 50 евра, кратка јакна ветровка или по американски виндстопер за 5 758 денари или за 95 евра, маица со отвор во облик на буквата О за 565 денари или за повеќе од 9 евра по парче, беретка за 1 355 денари или за околу 22 евра- тоа се цените по кои МВР ќе набавува опрема и униформа за специјалните полициски единици.

Тендерiите се спорнн за опозицијата бидејќи се во вредност од околу 3,8 милиони евра, а ги добила новоформирана фирма од Скопје, со сопственици од Србија и битолско модно студио со скромен промет.

Го обвинуваат министерот Тошковски дека тендерот е наместен бидејќи условите за квалитет и искуство се избришани во јавниот оглас со која треба да се опреми кремот на македонската полиција- специјалците тигри и припадниците кои извршуваат специјални задачи. Бараат истрага од Јавното обвинителство.

-Тошковски вели дека се водел по „квалитетот“ на понудата, а истовремено ги намалил критериумите за избор. Ако навистина се бирал квалитет, зошто не биле поставени јасни услови за искуство и капацитети? Или зад тој „квалитет“ се кријат квалитетни врски и провизии за Тошковски и ВМРО-ДПМНЕ? Таков тендер скроил Тошковски, со намалени критериуми. Очигледно го сошил по негов терк, обвини потпретседателот СДСМ, Методија Илиевски.

Министерот Тошковски негира било каква неправилност во конкретната јавна набавка и вели дека ако  обвинителството смета, треба да отвори постапка. Надлежните во МВР ја извршиле работата, а се цени квалитетот на понудената униформа која кога ќе биде доставена ќе се види каква е, рече Тошковски и негираше блискост на членови на своето семејство со сопственичка на една од фирмите кои ја добиле зделката со МВР.

-Сметам дека МВР тоа што требало да го преземе, го презело. Одредени услови кои се побарани – согласно информациите кои ги имам, а се поврзани со квалитетот на униформите – се исполнети. Досега не е нарачана ниту една униформа. Да оставиме да видиме како ќе се одвива овој процес“, рече Тошковски.

На новинарското прашање: Дали е точно дека сопственичката на модното студио е блиска на Вашата сопруга?, Тошковски со првична насмевка одговори и обвини дека станува збор за нова хајка против него.

-Ве замолувам со посериозни прашања. Ниту знам кој е сопственик на модното студио ниту верувам кој и да е сопственик дека е блиска пријателка на мојата сопруга. Од ова прашање, народот многу добро ќе сфати ова е една од хајките против мене. Досега не верувам дека во историја имало две интерпелации за три месеци против било кој политичар, рече Тошковски.

Тендерот првпат беше распишан во декември минатата година, а договорите со новоформираната фирма Памитекс и Ле Бранд дизајн од Битола, која бележела скромни приходи се потпишани на 9-ти април.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пратениците го изгласаа Трајко Славевски за гувернер на Народна банка

Дејан Дејан

ВМРО-ДПМНЕ излезе со листа на кандидати за 25 општини – за Град Скопје се уште мистерија

Дејан Дејан

Русија со нов меморандум подготвена за преговори со Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе