Вести Македонија Најважни

Вреди сѐ уште без официјален кандидат за министер за здравство

Коалицијата „Вреди“ сѐ уште нема официјален кандидат за нов министер за здравство, кој ќе го наследи Арбен Таравари кој ја напушти Владата и отиде во опозиција, иако во јавноста се спомнува името на Азир Алиу, кој денеска беше и директно прашан дали тој ќе биде предложен на функцијата. Алиу кој е е поранешен министер за дигитализација најави дека за прашањето ќе се разговара во наредните денови.

Сѐ уште не е разговарана на таа тема. Најверојатно деновиве, бидејќи во овој период ние бевме многу активни и секогаш крајниот збор го има граѓанинот и ние бевме на терен за хаосот што се случи во нашата партија, изјави Алиу.

Воедно одметнатите членови на крилото на Таравари всушност ќе го предводат трето крило на „Алијанса за Албанците“ во рамки на коалицијата „Вреди“. На вонредното собрание на алијансата на Таравари беше разрешен шефот на партиското Собрание, Арбен Фетаи, кој е и вицепремиер за добро владеење и уште 8 членови.

Алиу додава дека ќе продолжат во Вреди со сите луѓе, освен оние кои одлучиле да не бидат дел од Владата и да одат заедно со ДУИ во опозиција и со тоа да не дадат отчет пред избори.

Ние одлучивме да бидеме отчетни, да работиме и да бидеме во линија со тоа што го имаме и како програма и како заложба и како партија, рече Алиу.

Дел од високите функционери  од алијансата на Таравари се спротивставија на неговата одлука да ја напушти Владата и коалицијата „Вреди“. Во меѓувреме за нов претседател на партиското собрание на алијанса е избран Назим Таипи.

Таравари притоа повтори дека партиското собрание ја потврдило одлуката за напуштање на Владата и самостојно да излезат на локалните избори во октомври.

Таравари најави дека на локалните избори ќе соработува и со ДУИ и со „Вреди“ во трката во општините Битола, Кичево, Брвеница, Чашка, Ресен, Бутел, бидејќи со такви локални коалиции ќе можат да им помогнат на Албанците.

Таравари не ја исклучи евентуалната соработка и во другите општини со која било опозициска политичка партија. Лидерот на СДСМ, Венко Филипче пак изјави дека сè уште немал средба со Таравари, но дека е отворен за разговор.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Енрике Лејче: „Харвард“ можност да запознаете прекрасни луѓе од цел свет

Дејан Дејан

КОД: Трае истрагата за Крмзов

Дејан Дејан

Попусти за оние кои разумно трошат струја и сами си ги читаат броилата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе