Вести Временска прогноза

Преодна стабилизација со сонце – Временска прогноза за 26.5.2025

Новата работна недела ќе ја отпочнеме со стабилизирање на времето. Само во раните утрински часови во крајните источни региони сѐ уште ќе има слаб дожд. Преку ден времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец (над 70 км/ч).

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 3 до 10°C, а максимумот од 16 до 24°C.

Информација од утрово:

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)

20 Крива Паланка, Виница, Струмица, 16 Штип, Кавадарци, 14 Битола, Берово, 13 Тетово, Прилеп, Крушево, Попова Шапка, 11 Тополчани, 10 Скопје-Петровец, Куманово, 9 Претор, 8 Демир Капија, 7 Скопје-Зајчев Рид, 6 Велес, 5 Охрид, Гевгелија, Лазарополе, 4 Маврови Анови.

Забелешка:Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)

Охридско Езеро 15.5, Преспанско Езеро 15.0, Дојранско Езеро 20.4.

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Молкот нема да трае долго како вашето судење, порачаа роднините од седмиот „Марш за Ангелите“

Дејан Дејан

Во Кочани нов марш на семејствата на настраданите во пожарот

Дејан Дејан

Интервју со Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Каја Калас

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе