Вести Македонија Најважни

Молкот нема да трае долго како вашето судење, порачаа роднините од седмиот „Марш за Агнелите“

Нашиот молк е гласот на оние што трагично заминаа во огнот, ова беше дел од пораката на семејствата на загинатите во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ испратена до обвинителството.

Семејствата на загинатите порачаа дека нема даваат изјави додека не заврши истрагата. Седмиот Марш за ангалите помина во тишина пред кафулето на сопственикот на дискотеката, општинската зграда и полицијата.

На транспарент што се појави во средината на поворката беше испишана и пораката „Системот убива – ние молчиме“, што го карактеризираше и денешниот протестен марш, кој заврши пред зградата на основниот суд и обвинителството.

На протестниот марш имаше тивка забелешка од дел од семејствата за присуството на претставници од политички партии, при што нагласија дека не сакаат никаква политичка позадина на нивните собири, на кои само бараат неселективна правда за своите деца кои загинаа во пожарот во дискотеката.

Во пожарот во дискотеката Пулс имаше и околу 200 повредени, кои се вратија во сопствените домови, а рехабилатацијата ја продолжуваат во кочанската болница.

Дел од родителите и повредените сведочат дека им престои долг период за заздравување и лекување, бидејќи имаат тешки изгореници по рацете и нозете. Жителите на Кочани велат дека во моментов на овие семејства им е потребна помош од страна на државата.

По два и пол месец од најголемата трагедија во земјава лекарите од Општата болница во Кочани и волонтерите од Супорт Кочани апелираат семејствата на загинатите, но и повредените кои се вратени од лекување од странските болници да почнат со психолошка поддршка.

Групацијата Алтернатива во која се вклучени писхотерапевти од денеска почнаа со давање на психолошка поддршка. Заинитересирани се поделени во три групи, возрасни, млади и професионалнци. Психотерапевтите во Кочани ќе бидат секоја сабота.

Неколку дена по трагедијата во Кочани на барање на самите жители помош дадоа и психолозите од Комората на психолози, кои со поддршка на владините институции влегоа во градинките, училишта и факултетите, а работеа и со пожарникарите, новинарите и останатите професионалци од институции во Кочани, но и во градовите од источниот регион, каде што имаше настрадано или повредени млади луѓе.

Волонтерите на Сапорт Кочани деновиве се насочени кон донации за болницата и собирање на финансиска помош за повредените, бидејќи семесјтвата веќе се соочуваат со набавка на помагала и лекови, кои се скапи.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во Кочани нов марш на семејствата на настраданите во пожарот

Дејан Дејан

Интервју со Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Каја Калас

Дејан Дејан

Силјановска – Давкова: Силно и инспиративно е да прочитате на македонски јазик дека му се оддава почит на духовниот сесловенски татко

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе